Дипломатија

Руската амбасада ги отфрли обвинувањата од претседателот Пендаровски за мешање во внатрешните работи на Република Македонија

Можно е да е слика од надвор

Обрнавме внимание на изјавите на Претседателот на Република Северна Македонија г-дин Стево Пендаровски во интервју за ТВ каналот „ТВ 21“ на 8 јули и за весникот „Етнос“ на 10 јули во врска со деjствата на Русија во РСМ и во балканскиот регион во целина.
Ги отфрламе обвинувањата упатени против нашата земја – Русија не се мешала, не се меша и нема намера да се меша во внатрешните работи на која било држава, вклучително и Северна Македонија, – и покрај тоа што се обидуваат да ја фатат со ова.
Ова е во спротивност со самата филозофија на руската надворешна политика. Добро е познато дека ваквите обиди никогаш не го носат посакуваниот ефект и на крајот ги дискредитираат оние кои прибегнуваат кон такви методи.
Ние го почитуваме било кој избор на македонскиот народ, подготвени сме и понатаму да ја градиме нашата соработка заснована токму на ваквата основа – на меѓусебно почитување и еднаквост, стои во соопштението до јавноста на руската амбасада на Република Македонија.

Related posts

Leave a Comment