Данил Медведев зад себе има неколку одлични месеци во кои освои три титули и одигра три финалиња.
Рускиот тенисер одигра феноменален натпревар во финалето во Шангај, во кој го буквално го исчисти Саша Зверев од теренот.
Медведев го освои вториот Мастерс во годината, а во исто време и во неговата кариера, сите во рок од три месеци.
Четвртиот светски тенисер за кратко време одигра финале на Вашингтон, Монтреал и УС Опен, додека ги освои титулите во Синсинати, Санкт Петербург и Шангај.
Сега има 5.920 поени и с наоѓа на илјада поени од трето рангираниот Федерер, 3.600 од првиот Новак Ѓоковиќ.
UNSTOPPABLE 😳
The moment @DaniilMedwed claimed his third title in six events since July at @SH_RolexMasters! pic.twitter.com/EdDYhOpZEF
— Tennis TV (@TennisTV) October 13, 2019
Washington – F
Montreal – F
Cincinnati – W
US Open – F
St Petersburg – W
Shanghai – W@DaniilMedwed's incredible run continues at #RolexSHMasters! pic.twitter.com/KZ7rsQeXzs— Tennis TV (@TennisTV) October 13, 2019