“Армија – 2021” – воена соработка за доброто на светот!За презентација на најновото оружје и воена опрема, генијалноста на инженерските и дизајнерските идеи, во август 2021 година Руската Федерација традиционално ќе го одржи седмиот Меѓународен воено-технички форум “АРМИЈА – 2021”.
Од 2015 година, форумот е една од водечките светски изложби на оружје, воена и специјална опрема и се смета за авторитативна платформа за дискусии за развој и зајакнување на меѓународната воена и воено – техничка соработка. Настанот годишно ги собира не само специјалистите за оружје, туку и сите што се заинтересирани за високотехнолошките случувања во меѓународната одбранбена индустрија.
Целта на форумот е да се промовира развојот на воено -техничката соработка помеѓу земјите – учеснички за широк спектар на прашања од борбата против тероризмот до воено образование и диверзификација на воено -индустрискиот комплекс.
Главните карактеристики на форумот “Армија” се исклучителната презентабилност и комплексност на изложбата. Гостите на настанот имаат можност да видат со свои очи комбинација на статични и динамични прикази (повеќе од 300 единици) од водечки корпорации и претпријатија на рускиот и странскиот одбранбено – индустриски комплекс на напредно оружје, модерна воена специјална опрема и цивилни производи, како и да дадат нивна оценка. Модели на идно оружје, уникатни по своите карактеристики, иновативни случувања отелотворени во реалноста – сето она по што е познат форумот “Армија”.
Гостите на настанот имаат можност внимателно да ги разгледаат примероците од најновото оружје, како и да се запознаат со технологиите што во моментов го чуваат мирот и спокојството не само на руските граѓани, туку и на целото човештво. За оние кои се заинтересирани за воената историја, организаторите подготвија специјална изложба со примероци од оружје и воена опрема кои ја “коваа” победата на Советскиот Сојуз во Втората светска војна. За овие цели, вклучени се 3 демонстрациски места за техника од копнен, воден и воздушен тип.
Претходните форуми потврдија дека производите на рускиот воено – индустриски комплекс привлекуваат посебно внимание на специјалисти од многу земји. Овогодишниот форум не е исклучок, замислете, и покрај ограничувањата што се на сила во повеќето земји во светот поради пандемијата со COVID – 19, повеќе од една и пол илјади странски и руски компании ќе учествуваат на изложбите на кои ќе бидe претставенo околу 30 илјади различни видови оружје и воена опрема.
Платформите за дискусија на форумот ќе ги посетат делегации на повеќе од 50 земји во светот, кои ќе бидат претставени не само од претставници на воените аташеа акредитирани во Москва, туку и од раководството на структурите на воени сили на земјите учеснички, вклучително и шефови на воени одделенија, началници на генералштабови, главни команданти на ограноци на вооружени сили, претставници од воена индустрија. Овие околности, поелоквентно од било кој збор, потврдуваат дека настанот е организиран на највисоко ниво, и многу држави во светот го гледаат патот кон својата безбедност и суверенитет токму низ призмата на воено – техничката соработка со Русија!
Совет на лидери на секции од Меѓународно општествено – политичко движење “Руско – Словенско Обединување и Возродување”.