Колумни

ЛИДИЈА ЃОРЃЕВИЌ: ПРЕОБРАЖЕНИЕ, ЛЕТО ГОСПОДОВО 2021

А што да се прави кога си во изолација жив и здрав фала Му на Бога?Ќе ја исчистиш цела куќа со мобилниот до тебе за да ги информираш укуЧаните каде се движиш, па они да одат на другиот крај од куќата збогзаради затоа да не би сте се сретнале.А ти- здрава. Они вакцинирани.Ама сепак, се шетаме со спрејчето и ја прскаме секоја квака.

Само онаа”квака” шо ни ја пуштија никако да ја испрскаме. Епа ја сум демократа.Оставам слобода на избор- кој мисли при здрав разум и свест и совест дека треба да се ваксајнс нека се ваксајнс.Кој се плаши од мене здравата- нека се плаши.(Да се разбереме, во глава не сум здрава од роЏења во смисла на некаква луцкастост,ама па тоа е заразно само ако сте со мене во кафана.И плус и добро е.)
А можев да им пркосам поточно да бидам слободна, најточно да ИЗБЕРАМ да бидам слободна и да фатам штрафта некаде да си го продужам одморот.Се знае дека се наоѓа место за нас невакцинираните. Ама ај, да не вознемирувам вакцинираните шо се плашат од…Чек?
И кој е сега заробен? Јас или они? А од шо се плашат бе? Нели се вакцинисани?Ја слушам онаа кутра новинарка пуни биле болниците со вакцинисани и тоа со две дози🤔
Како се заразиле?
Мутирал вирусот.
Епа?

Зш би ставила ваксајн?
Немале да умрат, полесно ќе го прележеле.
И сеа истатите велат, највеќе мртви биле вакцинирани.(Нема потреба за докази, обратете се на соодветното место).
Јас здрава, права немам слобода на движење и работа, а ваксајнираните имаат иако шират зараза🤔И плус уценета сум и јас да ставам нешто во своето тело кое сеуште не е испитано ни на глувци ниту на мајмуни.Се гледам во огледало, ама ич не личам на мајмун.

И уште не добив одговор како јас тоа “сум неодговорна”ако не се вакцинирам и како тоа ги загрозува вакцинираните?
Простете, но кога ќе слушнам дека некој самошто се вакцинирал веднаш подрипнувам на дистанца.И тоа е мое легитимно право.
Ама кажете ми ви се молам кој го есапи тоа мое или било кое мое основно човеково право и како се дотеравме на ова тереџе?
Дис ис демократик кантри, ама глеам и многу подемократски некако на проект конц логор ми смрдат.
А п(А)орталиве полни со фичфиричи од лекари кои дури не се ни епидемиолози, ама некако како да се во “Вашите пет минути” за слава изгорени за да бидат у жижу лупетаат ко Мартин по дивизија.Ах наши лекари, естрадо наша, смрдите на ефтиноча. Додуша скапо платена.
На протестот излегоа десетици илјади луѓе, една будала рече” лекари убијци” и “божествата” се здружија.Нема везе поентата на протестот нели? Глупи сте или ќорави зошто се протестира?
Верувале они у науката.Па елементарно знаење ако имавте немаше да дозволите народот да се боде со нешто што и вие поима немате шо е и дали ќе има последици, а згора на се нема никаква гаранција!
Јас па верувам во Бога. Или и на тоа немам право?
Но завладеа огромна неверица и нормално оној кој нема вера нема надеж и длабоко тоне. Ова е време на длабоки искушенија, но животот МОРА да се обнови со волја, вера, љубов и храброст.
Застанете на страна на Вистината, оти ќе си направите нешто пострашно од смртта: ТИВКА СМРТНА ПРЕСУДА ЗА ДУШАТА.

Лидија Ѓорѓевиќ

Related posts

Leave a Comment