Економија

Руски бизнисмени ќе учествуаат на тендери во Македонија

По 5 годипна пауза, мешовитата меѓувладина комисија потпиша протокол според кој руските компании ќе се пријавуваат на тендер доколку оценат дека има поволна бизнис клима кај нас за инвестирање во повеќе сектори,првенствено во енергетскиот.

Во рамки на македонско-рускиот форум,македонските власти ја поканија Русија посилно да инвестира во земјава ценејќи дека македонскиот извоз на рускиот пазар е незначителен, а потенцијалите за инвестирање, неискористени.

Може различно ги толкуваме цифрите, според она што го имаат експертите станува збор за 400 милиони долари, вели Алексеј Груздев.

Така што ако размената на стоките ја спомнеме како 120 милиони долари тогаш ивестициите со 400 милиони долари е три пати поголема.
Сепак, двете страни имаат различни бројки за вкупната трговска размена.

Минатата година околу 25 милиони долари ние што извезовме во Руската федереција, од кои некаде околу 17-18 е земјоделство и дел останува за фармацевтската индустрија, изјави Трајан Димковски- министер за земјоделие.

Рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, пак, најави поддршка за бизнис-соработката, напоменувајќи дека Русија во Северна Македонија гледа интересен и перспективен партнер.Потребни се единствени правила на игра, но и отфрлање на стереотипите и шаблоните- потенцира Баздникин.

Мешовитата меѓувладина комисија ја разгледувала можноста за дирекна авионска линија меѓу Македонија и Русија,доколку авиокомпаниите проценат дека истата ќе биде исплатлива.

Related posts

Leave a Comment