Дипломатија

Руско МНР: “Чинот на вандализам, кој беше извршен на 24 мај во однос на споменикот „Руски крст“ во Битола е сквернавење на заедничката историја на нашите земји.

 

Руското министерство за надворешни работи го осуди чинот на сквернавење на споменикот „Руски крст“ во Битола кој беше извршен на 24 мај

На брифингот за новинарите, портпаролката на руското МНР, Марија Захарова ја соопшти официјалната реакција на Руската Федерација по повод вандалскиот чин кој се случи на 24 мај во Битола.

“Чинот на вандализам, кој беше извршен на 24 мај во однос на споменикот „Руски крст“ во Битола е сквернавење на заедничката историја на нашите земји.
Би сакале да потсетиме дека овој споменик е посветен на рускиот императорски конзул Александар Аркадиевич Ростковски и е подигнат во 2003 година на иницијатива на жителите на Битола по повод 100-годишнината од неговата трагична смрт.
Го споделуваме негодувањето на македонската јавност. Се надеваме дека властите на Македонија ќе го расчистат случајот и сторителите ќе бидат казнети” се вели во официјалната реакција по повод овој немил настан.

Related posts

Leave a Comment