Свет

Салвини: Лигата ќе се врати во владата уште посилна

 

Поранешниот италијански министер за внатрешни работи Матео Салвини, пред десетици илјади приврзаници денес вети дека неговата Лига ќе се врати во владата со уште поголема моќ отколку порано, а во неговиот познат евроскептичен стил ги предупреди европските сојузници на слаб француски, германски и англиски јазик дека италијанскиот народ не е ничив слуга .

„Никогаш нема да се откажам затоа што нашата земја очекува сè. Им давам збор на оние кои мислеа дека сум уморен и дека ми треба пауза, дека ќе рамотам уште посилно отколку порано“, рече Салвини на годишниот состанок на Десничарската Лига во Понтида, Ломбардија.

„Претпочитам да ги оставам седумте министерски места сега на предавниците, затоа што за неколку месеци повторно ќе ги освоиме со интерес и транспарентност“, рече Салвини.

Додека Салвини го намали својот претпознатлив огнен тон во говорот, ги повика ги поддржувачите да бидат трпеливи и љубезни во политичките расправи. Говорниците кои пред него се појавија на бината,зборуваа за револуција и отпор, а членовите на партијата го нападнаа италијанскиот новинар Гад Лернер.

Поддржувачите на Салвини очигледно не се обесхрабрени по  политички чекор,заради кој,неговата партија не е  повеќе во владата, па  носеа бројни транспаренти со кои повикуваат на избори, како и марами „Салвини засекогаш“ и маици со натпис „Салвини Премиер“.

Овогодинешното собирање има дополнително значење, бидејќи Салвини се обидува да ја основа својата база како опозиција на новата владејачка коалиција составена од Движењето Пет Sвезди и Демократската партија.

Анкетата објавена во финансискиот весник „Сол-24 Оре“ покажува дека, и покрај погрешните чекори на Салвини, Лигата е сè уште најсилната партија во Италија со 34 проценти поддршка.

Италијанската коалициска влада формирана помеѓу десничарската лига на Салвини и Движењето 5 везди се распадна минатиот месец кога Салвини одеднаш ја „прогласи мртва“ и  распиша избори.

Минатата недела италијанскиот претседател Серџо Матарела го замоли Џузепе Конте да предложи коалиција на 5 Ѕвезди и опозициската Демократска партија.

Related posts

Leave a Comment