Нападите со беспилотни летала во Саудиска Арабија,врз најголемата светска рафинерија на нафта, предизвика нови тензии во Персискиот Залив. Јеменските бунтовници Хути ја презедоа одговорноста, а Вашингтон го обвини Иран за нападот вчера. Настанот го преполови капацитетот за производство на нафта и покрена сомнеж дека тоа ќе ги зголеми цените низ целиот свет.
Производството на нафта во Саудиска Арабија опадна за 5, 7 милиони барели дневно, што е 5 проценти од светското производство на нафта, по нападот врз објектите во Абкаик и Кураис, соопшти државната нафтена компанија „Арамко“.
Саудиска Арабија извезува над 7 милиони барели нафта дневно.
Саудиска Арабија произведува околу 10 милиони барели нафта на ден, произведе во просек 9, 85 милиони барели во август, според американската агенција за информации за енергија.
„Абкаик е веројатно најважниот објект за снабдување со нафта во светот“, рече Џејсон Бордоф, директор на Центарот за глобална енергетска политика на Универзитетот Колумбија, кој беше член на Советот за национална безбедност на Обама.
– Ризикот од регионална ескалација, што ги зголемува светските цени на нафтата, сега значително се зголеми, додаде тој.
Абкаик се наоѓа на 60 километри југо-западно од седиштето на Арамкo во Дахаран .
Фабриката обработува сурова нафта од најголемото светско нафтено поле, Гауар, долго 280 километри и 30 километри широко, и ја транспортира до Рас Танура, најголемиот нафтен терминал во светот.
Јеменските Хути ја презедоа одговорноста за нападот, со 10 беспилотни летала, но американскиот државен секретар Мајк Помпео тврди дека Иран е одговорен за нападот.
Помпео ја нарече акцијата „напад без пресдан врз светското снабдувањ со нафта“.