Соопштенија

Светски Македонски Конгрес со поддршка на Доналд Трамп за 46 Американски претседател

President Trump tests negative for coronavirus, White House says

Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, упатуваат искрена поддршка за избор на Доналд Трамп за 46. Американски претседател!

Очекуваме:

(1) крај на Студената војна, (2) попуштање на напнатоста во меѓународните односи и намалување на опасноста од војна помеѓу големите сили САД, Руската Федерација и Кина, (3) свет на суверени нации без корпоративниот глобализам со т.н. светска влада на финансовата олигархија, (4) свет со суверени нации на патриоти без глобалисти, и (5) мир и развој на планетава Земја! Сакаме унапредување на традиционалните вредности во општеството: семејството, верата, нацијата и државата! Бараме забрана на цензурата и почитување на човековите и граѓанските права и слободи!

Очекуваме американскиот претседател Доналд Трамп да стави крај на “Deep state“ во САД и на нејзините експоненти заради злоупотреба на вештачката интелигенција, кибернетиката, роботиката, технологијата за биометриска идентификација, био-инженерингот, биотехнологијата, 5G и 6G телекомуникациските мрежи, квантната компјутерска технологија, хемтрејлерите, ГМО-храната и семенскиот материјал, сатанизмот, а со цел депопулација на човештвото преку био-терористички операции со биолошко оружје – вируси и бактерии, чипирање и вакцинирање на луѓето, и редистрибуција на природните ресурси!

Сакаме американскиот претседател Доналд Трамп да стави крај на наци-фашистичките проекции за големи држави и неповредивост на актуелните гео-политички граници на Балканот!

Преферираме продлабочување на американско-македонското стратешко партнерство врз принципите на еднаква сувереност, што подразбира: взаемно почитување и разбирање, соработка по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи и реципроцитет во меѓусебните односи!

Бараме американска поддршка за безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под единственото историско и државно име Македонија! Бараме почитување на веќе апсолвираното право на самоопределување и самоидентификација на Македонскиот народ за суверена и самостојна држава Македонија извојувано во антифашистичката коалиција во Втората Светска Војна!

Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, бараат американската администрација да остане доследна на одлуката од 4 ноември 2004 година за признавање на Македонија под нејзиното единствено историско и државно име!

Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, бараат американската администрација да ја почитува суверената волја на Македонскиот народ и граѓаните на Македонија на референдумот од 8 септември 1991 година “за суверена и самостојна држава Македонија“ без додавки и без придавки, и резултатите на референдумот од 30 септември 2018 година за отфрлање на “членство во ЕУ и НАТО и на Спогодбата Димитров-Коѕиас за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ“!

Светскиот Македонски Конгрес ја потсетува американската администрација дека промената на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ е спротивно на домашното и меѓународното право и претставува најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото кое не застарува!

Бараме одговорност за поранешниот американски амбасадор во Македонија, Џес Бејли поради грубо мешање во внатрешните работи на Македонија, а заради нејзина дестабилизација и контролирана нестабилност, каде што спаѓаат и неколкуте договори на УСАИД со Фондацијата Отворено општество на мизантропот Џорџ Сорос, еден од нив вреден 9,5 милиони долари а друг 5 милиони долари, потрошени на илегални активности за дезинтеграција на државата и рекомпонирање на власта, со што се оштетени американските даночни обврзници!

Македонците во светот очекуваат укинување на визите за влез во САД. Македонците го заслужуваат тоа!

Бог да ги благослови Американскиот претседател Доналд Трамп и неговото семејство, Бог да ги благослови Американскиот народ и Македонскиот народ, Бог да ги благослови Соединетите Американски Држави и Македонија! Амин!

Светски Македонски Конгрес

World Macedonian Congress - Светски Македонски Конгрес - Home ...

Related posts

Leave a Comment