Свет

Свет: Итен состанок на Г7 за новиот омикрон вид на коронавирус

корона, ковид, свет, епидемија, пандемија

ЛОНДОН – Министрите за здравство на Г7 денеска ќе одржат итен состанок за новата варијанта на ковид-19 наречена омикрон, која се шири низ светот и ги принудува земјите да ги затворат своите граници. Состанокот го свика Британија, која претседава со Г7, а која е меѓу се поголемиот број земји кои откриле случаи на новаta варијанта која содржи бројни мутации.

 

Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави денеска дека ги забранува сите пристигнувања на странски посетители во земјата поради новата варијанта, наведувајќи дека оваа забрана ќе стапи на сила утре, пренесува британскиот весник „Гардијан“.

Луѓето кои неодамна беа во земјите погодени од новиот вид сега треба да поминат десет дена во институција одредена од владата по пристигнувањето и да се тестираат за ковид-19 на третиот, шестиот и 10-тиот ден.

Кишида рече дека Јапонија, каде што повеќе од 76 отсто од населението е целосно вакцинирана, ќе продолжи со плановите да дава дополнителни дози на вакцини од следниот месец, почнувајќи од постарите лица и здравствените работници.

Омикрон првпат беше откриен во Јужна Африка, а во обид да го запрат преносот, земјите брзо тргнаа да воведат ограничувања за патување.

Израел, исто така, забрани влез на сите странски државјани, а САД, Велика Британија, Бразил и Канада се меѓу многу други земји кои воведоа ограничувања за патување.

Видот досега е откриен во повеќе од 10 земји низ Европа, Африка и Азија. Потврден е и во Северна Америка, а случаи се откриени и во Канада.

Затворањето на границите беше критикувано од претседателот на Јужноафриканската Република, Кирил Рамафоса, кој ги повика нациите да ги укинат забраните за патување „пред да биде направена дополнителна штета на нашите економии“.

Шефот на Светската здравствена организација во Африка, исто така, ги повика земјите да ја следат науката наместо да воведат забрана за летови во обид да се спречи новиот вид на ковид.

Додека земјите брзаа да ги затворат своите граници, научниците се тркаа да откријат дали новата варијанта е поалармантна од другите верзии на вирусот.

Сепак, сè уште не е јасно какво ниво на заштита обезбедуваат постоечките вакцини или колку брзо се шири омикронот.

Највисокиот американски функционер за заразни болести, д-р Ентони Фаучи, му рече на претседателот Џо Бајден дека ќе бидат потребни околу две недели за да се добијат конечните информации за омикрон.

Фаучи рече дека верува оти постојните вакцини најверојатно ќе обезбедат „одреден степен на заштита од тешки случаи на ковид“, а официјалните лица ја повторија својата препорака до вакцинираните Американци да добијат дополнителна доза.

Бајден денеска треба да ја информира јавноста за новата варијанта и одговорот на САД, соопшти Белата куќа.

Шефот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека на производителите на вакцини им требаат две до три недели „за да добијат целосна слика за квалитетот на мутациите“.

Знаеме дека сега сме во трка со времето“, рече фон дер Лајен.

Related posts

Leave a Comment