Свет

Северниот дел на сириската провинција Хама ослободена од терористи

 

Сириските вооружени сили целосно ги расчистија северните области на сириската провинција Хама од терористички единици, рече претставник на сирискиот Генералштаб во изјавата што ја објави телевизискиот канал Ал Екбарија.

„За време на офанзивата, сириските трупи го опколија непријателот и решително го поразија, ослободувајќи 16 населби на северот на Хама, како и градот Кан Шајхун на југот на провинцијата Идлиб“, рече портпаролот. Тој објави дека инженерските единици на сириската армија започнале со расчистување на  населбите од мини, како и на териториите околу нив каде биле откриени мински полиња.

„Ова е направено за локалното население да се врати на своите фарми и да започне со берба што е можно поскоро“, рече тој.

Според претставникот, криминалните банди „не се во состојба да го сопрат брзиот напредок на храбрата сириска армија кој е со целосна решеност да ги расчисти сите сириски територии од терористи и нивните спонзори“.

Ал Екбарија објави дека сириските трупи ги презеле сите станбени населби на северот на Хама под нејзина контрола во петокот. Овие достигнувања беа овозможени откако сириските трупи го зазедоа градот Кан Шајхун во јужниот дел на Идлиб и ги прекинаа  линиите за снабдување на  милитантите.

Related posts

Leave a Comment