Соопштенија

Сеопфатното Сексуално Образование(ССО) одбиено од Светското Здравствено Собрание!

Нема опис за фотографијата.

ССО е одбиено од Светското Здравствено Собрание! Од сега па натаму, ССО никогаш не треба да биде прифатено во ниту еден документ на ООН.
На 74-тата седница на Светското Здравствено Собрание, од нивната резолуција ИЗБРИШАН е параграфот на кој е основано ширењето на Сеопфатно Сексуално Образование како форма на заштита на децата од насилство!
Контроверзниот параграф, завиткан како поклон со панделка, гласи:
„Да се обезбеди достапно РОДОВО СЕНЗИТИВНО, ОСЛОБОДЕНО ОД РОДОВИ СТЕРЕОТИПИ, базирано на докази и соодветно на возраста и развојните капацитети, сексуално образование на децата, и со соодветна насока и водство од родителите и законските старатели, со најдобри интереси за детето, како нивна основна грижа да ги поттикнат и да им овозможат да ја реализираат својата здравствена благосостојба и достоинство, да изградат вештини за комуникација, самозаштита и намалување на ризикот, како основен дел од напорите за спречување, препознавање и одговор на насилството врз децата“.
Што се случи?
Меѓународниот надгледувач на семејството, непрофитна меѓународна образовна организација која е центар на меѓународниот отпор против ССО, испратила ИТЕН АПЕЛ до делегациите на ОН во Женева кое содржи анализа за 12 СКРИЕНИ ШТЕТНИ ЕЛЕМЕНТИ во предметниот параграф.
Она што е за нас од особен интерес, имајќи ги предвид нашите укажувања од самиот почеток на донесување на Концепцијата на МОН, а тоа е задолжителното родово-сензитивно образование, се вториот и третиот елемент од овој апел: РОДОВАТА СЕНЗИТИВНОСТ и ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД РОДОВИТЕ СТЕРЕОТИПИ. Зошто?
Образложението дадено од Меѓународниот надгледувач на семејството е како што следува:
„Терминот „родово сензитивен“ ИМА ДВОЈНО ЗНАЧЕЊЕ;
(а) се однесува на сензитивноста на разликите меѓу биолошките жени и мажи и / или
(б) се однесува на сензитивноста на повеќе трансродови родови идентитети.
Со други зборови, „РОДОВО СЕНЗИТИВНО“ ПРЕТСТАВУВА „КОД“ ЗА ТРАНСРОДОВО-ИНКЛУЗИВНО СЕКСУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ, што е чест елемент во програмите за сексуално образование….“. Понатаму, „Најчесто сфатено значење за „РОДОВИТЕ СТЕРЕОТИПИ“ би било прикажувањето на жените како инфериорни или послаби во споредба со мажите или прикажувањето на жените во улоги што се обично женски. Сепак, „родови стереотипи“ исто така може да се разбере дека значат стереотипи кои не се инклузивни за ЛГБТ идентитетите.
Значи, доколку сексуалното образование треба да биде „ОСЛОБОДЕНО ОД РОДОВИ СТЕРЕОТИПИ“, во образованието треба да бидат вклучени позитивни примери на ЛГБТК лица, романтични врски и семејства“.
Зошто ова е ВАЖНА ВЕСТ И ЗА НАС?
На сликата подолу, прочитајте го поглавјето Родова сензитивност/рамноправност од новата Концепција за основно образование!
Целосното бришење на овој пасус, со поддршката од многу земји, е голема победа бидејќи утврдува дека „Сеопфатното Сексуално Образование“ НЕ ужива консензус во ООН!!!
————————————————————————–
Извор – 12 Штетни елемементи на ССО: https://familywatch.org/urgent-12-harmful-elements…/…
Извор – 74 седница на СЗС: https://www.who.int/…/seventy-fourth-world-health-assembly (мин 31:20)
Извор – Расправа во СЗС за предметната точка: https://www.who.int/…/seventy-fourth-world-health-assembly
————————————————————————–
Кога науката НЕ е единствена, кога струката НЕ е единствена, мора да постои ПРАВО НА ИЗБОР!
Наметнувањето на нечии убедувања НЕ СМЕЕ да биде ЗАДОЛЖИТЕЛЕН дел од ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ.
Сега за сега Сексуалното Образование (без Сеопфатно) кај нас, е предложено како ИЗБОРЕН предмет, но ние кажуваме НЕ за ЗАДОЛЖИТЕЛНО Родово-Сензитивно Образование кое е една од компонентите на ССО!
За целосно да биде разбран контекстот на нашите објави, Ве молиме прочитајте ги и Соопштенијата на нашата Страница.

Related posts

Leave a Comment