Свет

Сергеј Лавров: Кина ќе биде следната цел на Западот, веднаш по Русија

„САД ги уништуваат сите земји кои ги загрозуваат нивните политички интереси – тоа беше случај со Југославија, Ирак, Либија, Сирија и други земји“, тврди Сергеј Лавров.

„Кина ќе биде следната цел на Западот на листата на непријатели, по Русија. НАТО ги именува своите непријатели по редослед. Русија е број еден. Кина е на второ место“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Според него, може да се прекршат сите принципи доколку Западот реши некого да казни.

„Доколку е потребно, тие нема да се двоумат да воведат санкции против секоја земја што ги прави нервозни. Ја споменав Кина како земја која ќе биде следната цел“, рече Лавров обраќајќи им се на странските дипломати во Адис Абеба.

Соединетите Американски Држави ги уништуваат сите земји кои ги загрозуваат нивните политички интереси – тоа беше случај со Југославија, Ирак, Либија, Сирија и други земји, изјави рускиот министер за надворешни работи.

„Кога нашите американски колеги во минатото почувствуваа дека постои закана за нивните политички интереси, тие ја бомбардираа Југославија во 1999 година, Ирак во 2003 година, Либија во 2011 година и многу други земји, илјадници километри оддалечени од американскиот брег.

Тие започнаа воени операции без двоумење, без објаснување никому, многу често со лажна причина, уништувајќи градови, убивајќи илјадници невини граѓани“, рече Лавров, обраќајќи им се на странските дипломати во Адис Абеба.

Тој привлече внимание на фактот дека градовите како Мосул во Ирак и Рака во Сирија беа практично уништени како резултат на воените операции на Соединетите Американски Држави.

„Не се сеќавам дека прогресивниот, цивилизиран Запад на кој било начин ја покренал оваа тема“, рече шефот на руската дипломатија и истакна дека светот во моментов се наоѓа во „важен историски момент“ кога ќе треба да избере како ќе живее и што да прави.остави на следните генерации.

„Ќе живееме во свет кој ги следи принципите на Повелбата на ОН, заснован на еднаквоста на суверените држави или во свет во кој ќе доминираат најсилните. Дали е наш избор да живееме во светот на колективниот Запад под покровителство на САД, кои одлучуваат кога и како да ги промовираме нашите интереси“, праша Лавров.

Related posts

Leave a Comment