Изгледите за употреба на нуклеарно или радиолошко оружје се против основните принципи на човештвото, рече Синг и ја нагласи потребата за брзо решавање на конфликтот преку дијалог и дипломатија.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу за време на телефонскиот разговор со индискиот министер за одбрана Рајнат Синг ја изразил својата загриженост за наводните намери на Киев да користи „валкани бомби“, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
„Министерот Шојгу на својот индиски колега му ја пренесе загриженоста за можни провокации од Украина со употреба на „валкана бомба““, се вели во соопштението, пренесува Интерфакс.