Свет

Сергеј Шојгу разговараше со министерот за одбрана на Индија за ситуацијата во Украина

sergej, sojgu, ministar, odbrane, ruske, federacije

Изгледите за употреба на нуклеарно или радиолошко оружје се против основните принципи на човештвото, рече Синг и ја нагласи потребата за брзо решавање на конфликтот преку дијалог и дипломатија.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу за време на телефонскиот разговор со индискиот министер за одбрана Рајнат Синг ја изразил својата загриженост за наводните намери на Киев да користи „валкани бомби“, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

„Министерот Шојгу на својот индиски колега му ја пренесе загриженоста за можни провокации од Украина со употреба на „валкана бомба““, се вели во соопштението, пренесува Интерфакс.

Related posts

Leave a Comment