Свет

Серија експлозии во Одеса, Москва наведува дека е уништена рафинерија во близина на градот

ОДЕСА – Серија експлозии одекнаа утрово во Одеса, главното украинско пристаниште на Црното Море, а руското Министерство за одбрана соопшти дека во близина на тој град се уништени рафинерија и складишта за гориво.

Најмалку три столба црн чад и пламен се чуле во индустриската зона од експлозиите што се слушнале околу шест часот наутро. Руското Министерство за одбрана соопшти дека високопрецизни поморски и копнени ракети уништиле една рафинерија и три складишта за гориво во близина на Одеса, додавајќи дека украинските сили од таму се снабдувале со гориво во правец на градот Николаев на исток.

Офицер на украинската регионална јужна команда во соопштение изјави дека се работи за ракетен напад во кој нема жртви, пренесува Бета.

Украинскиот функционер рече дека регионот Одеса е „дел од приоритетните цели на непријателот“ и дека „непријателот продолжува да ја гаѓа чувствителната инфраструктура“, повторувајќи дека е забрането да се објави местото на нападот и евентуалната штета направена во нападите.

Градските власти на Одеса претходно известија дека „руските нацисти извршиле ракетен напад врз Одеса“, како и дека „некои од ракетите биле соборени од украинската воздушна одбрана“.

Историскиот град Одеса во југозападна Украина е од стратешко значење, и е најголемото пристаниште кое и овозможува на Украина пристап до Црното Море, а досега беше релативно поштеден од борби.

Ова е прв напад врз градот од 21 март. Тоа се случува кога за денеска е најавено доаѓањето на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас, со цел да им се предаде хуманитарна помош на градските власти.

Related posts

Leave a Comment