Свет

„Силата на Сибир“: Рускиот гас патува во Кина од декември

 

Москва – Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг ќе учествуваат на церемонијата на отворање на гасоводот „Силата на Сибир“ во декември преку видео-врска.

„Путин и Си Џинпинг, во декември преку видео конференција ќе дадат знак за почеток на испораките на рускиот природен гас за Кина преку источниот крак на гасоводот“, изјави за  новинарите помошникот началникот на Руската Федерација, Јури Ушаков.

Ушаков додаде дека двете земји успешно соработуваат во други проекти во енергетската сфера, пренесува Тас.

Гаспром и Кина го одредија датумот за официјално започнување на гасоводот Силата на Сибир,на 2 декември, иако првично, отворањето на гасоводот беше закажано за 20 декември.

Нафтоводот „Силата на Сибир“ ќе транспортира природен гас од наоѓалиштата на нафта и  гасен кондензат, Чајанд во Јакутија и Ковита во регионот Иркутск, во Источен Сибир, за испорака на домашниот пазар (преку Хабаровск до Владивосток) и понатаму за извоз во Кина.

Таканаречената источна линија на гасоводот предвидува испорака на Кина од 38 милијарди кубни метри природен гас на годишно ниво во период од 30 години.

Во мај 2014 година, Гаспром и кинеската Национална корпорација за нафта (ЦНПЦ) потпишаа договор за продажба и купување. На 29 октомври, Гаспром објави дека го заврши полнењето на гасоводот „Силата на Сибир“.

Гасот од  Чајанд стигна до мерната станица на пограничниот град Благовешченск, што значи дека дел од трасата на гасоводот е подготвена да започне со испорака на гас за Кина, објави Тас.

Related posts

Leave a Comment