Фановите на култната серија Симпсонови се убедени дека оваа анимирана серија го предупредила светот за коронавирус кој го потресе целиот свет уште пред 27 години.
Како поддршка на овие тврдења, тие посочуваат на епизодата од Симпсонови од 1993 година која споменува вирус наречен Осака грип што се шири низ Спрингфилд. Вирусот започна да се шири низ градот, откако жителите нарачаа уреди за домаќинство од Јапонија.
Оваа епизода покажува како вирусот всушност дошол во САД, а го пренел еден од работниците од Јапонија, кој работел на пакувањето на производите. Тој имаше грип и во оваа епизода рече: „ Те молам, не кажувај на мојот претпоставен дека имам грип “ пред да се закашла во кутијата. Кога пакетите со блендери пристигнаа во Спрингфилд , повеќето жители на овој град се заразија.
Иако вирусот потекнува од Јапонија наместо кинескиот Вухан, фановите на Симпсон со своите реакциите на Твитер доминираат. „ Симпсонови повторно успеаја “, е само еден од коментарите за серијалот што честопати излегува дека е во согласност со актуелните светски настани, а е снимена пред 20 години.
The Simpsons has predicted it again!
This episode aired 27 years ago in 1993.#CoronaVirus #Wuhan #CoronavirusOutbreak #Corona #Virus #ChinaCoronaVirus #ChinaVirus #WuhanVirus pic.twitter.com/kvBPYQMm5f
— Mr. Whale 🐋 (@CryptoWhale) January 30, 2020