Свет

СУРОВОТО ПРЕДАВСТВО НА ЕРДОГАН ! Се приближи до Путин, па го продаде за шака долари!

 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Киев ја осуди „руската анексија на Крим“ и вети дека ќе го поддржи територијалниот интегритет на Украина.

Ердоган, исто така, во посетата на Украина рече дека Турција ќе помогне во градењето на засолниште за 500 кримски татари кои се преселиле во другите делови на Украина по анексијата на Крим кон Русија.

Кримските Татари се турска етничка група на Крим, објави АП.

Говорејќи на прес-конференција по разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Ердоган истакна дека „Турција не ја признава нелегитимната анексија на Крим и дека го поддржува територијалниот интегритет на Украина“.Зеленски истакна дека Украина смета на Турција да помогне во ослободувањето на Кримските Татари уапсени на Крим.Зеленски исто така рече дека тој и Ердоган разговарале за можна испорака на природен гас до Украина преку Турција.

Инаку денешната провокација на Ердоган кон Москва е само круна на неколкумесечните провокации кои тој ги упатува до Кремљ.Во Либија тој се закани дека ќе испрати своја војска да се бори против силите на Маршалот Хафтар кој ја ужива поддршката на Москва,а истовремено во Сирија тој влезе во отворена војна со силите на сирискиот претседател Башар Ал Асад и руските трупи кои таму дејствуваат заедно со башаровиоте сили против исламистите во реонот на Идлиб.

Related posts

Leave a Comment