Македонија

Синоќа во Скопје започна Сончевата Револуција (ВИДЕО)

 

Вчера по повод денот на Македонската револуционерна борба,во главниот град се случи сончевата револуција,настан кој денови наназад беше најавуван преку социјалните медиуми.На настанот присуствуваа околу 1000 граѓани поддржани од неколку патриотски здруженија.Поворката започна од соборниот храм каде што беше одржана панихида во чест на македонските револуционери.Од соборниот храм учесниците се упатија пред владата на РМ,каде што се задржаа неколку минути извикувајќи Никогаш северна само Македонија и оставка,оставка.Карванот од владата се пресели пред собранието на РМ каде што на граѓаните им се приклучи уште една поголема група граѓани кои пристигнаа со своите автомобили.Настанот пред собрание траеше околу 2 часа и на него доминираше македонска патриотска музика во чест на денот на македонската револуција.Погледнете го видеото од настанот кое го направи нашата екипа.

 

Related posts

Leave a Comment