Фудбал

Скандалозно однесување на Гранит Џака (ВИДЕО)

Фото: Алекс Мортон / Гети Слики

Навивачите на Арсенал со свирежи од теренот, го испратија капитенот на својот тим Гранит Џака.

Начинот на кој се понесоа симпатизерите кон него, дополнително го вознемири швајцарскиот репрезентативец , кој гестикулираше кон нив и предизвика дополнителен гнев кон него.

По напуштањето на теренот, тој одби да се ракува со менаџерот Унаи Емери и демонстративно го соблече дресот на лондонскиот клуб.

„Ќе зборуваме за тоа. Тој погреши. Кога навивачите протестираат, мора да останете смирени“
 , рече Емери .

Арсенал одигра нерешен натпревар со Кристал Палас на домашен терен во 10-то коло од Премиер лигата.

Related posts

Leave a Comment