До редакцијата на порталот Слободен Свет, стигна писмо од поранешно духовно чедо на архимандритот Партениј во кое тој открива прељубнички скандал во негова режија.
Во писмото од разочараниот верник на стадото на Партениј, поранешен зависник од хероин кој во манастирот бил на наводно лечење, го опишува својот случај во кој тој по благослов на Партениј влегол во интимна врска со извесна Н.П. од Дојран која официјално се уште била во брак.
На прашање на верникот упатено до Партениј дали тоа не е грев, Партениј му одговорил дека тоа што тој го благословува е со Божја промисла, наведувајќи го свесно во грев.
Извесната Н.П. од Дојран, со која верникот влегол во врска, била исто така духовно чедо на Партениј. Таа била свежо крстена верничка која конвертирала од ислам во православие и била ромка по националност.
Скандалот да биде поголем, пишува во писмото, било тоа што на Н.П., Партениј и благословил уште три други врски со нарко зависник од Тетово познат по прекарот Табак, со ерген од Радовишко кого таа буквално го ограбила финансиски и заминала од неговиот дом за да добие трет благослов од Партениј за нова врска иако сеуште е во важечки црковен и световен брак.
Тој во писмото потенцираше дека во Бигорски тоа е пракса и дека неговиот случај не единствен, бидејќи Партениј благословувал и многу други гревовни врски помеѓу слободни и оние кои сеуште биле во официјални бракови.
Читателот кој ни го прати писмото вели дека бил под константни физички закани од страна на поддржувачите на Партениј, бидејќи се заканил дека за овие перверзии ќе го извести синодот на МПЦ.
Тој напиша дека наскоро ќе ни обелодени и други, цитираме, гнасни не богоугодни дејства кои во Бигорски се вршат со знаење на архимандритот Партениј.