На вчерашниот трет ден од протестите против францускиот предлог, стана евидентно дека на дел од организаторите им смета критиката кон ЕУ.
Дека некој сака да ги злоупотреби автентичните македонски протести и дека сака да ги искористи за партиски цели, може да се види од начинот на организација и однапред подготвената партиска сценографија.
Исто така очигледно е дека акцентот на протестите се става на се освен на главниот причинител на македонската голгота Европската Унија.
Вчерашниот скандал на говорницата за време на говорот на поетот, писател и публицист, Ефтим Клетников, докажан родолјуб, го покажа токму тоа.
Во моментите кога Клетников жестоко почна да ја критикува Европа нарекувајќи ја блудница вавилонска, тонот на видео преносот стриман на фб страницата на лидерот на ДПМНЕ Христијан Мицкоски, наеднаш мистериозно запра за да продолжи веднаш со завршувањето на говорот на Клетников.
Од луѓе кои во моментот се наоѓале блиску до бината добивме информации и дека од еден од партиските редари на Клетников му е речено цитираме: како ли ти успеа да се протнеш до бината, ни го расипа концептот на протестот, а истиот за време на говорот на Клетников со гестикулации му сугерирал да го прекине.
Ви го приложуваме видеото каде може да го проследите говорот на Клетноков кој започнува во 33:29 минута и мистериозното снемување на тонот во 38:20 минута од видеото.