Свет

Марија Захарова: Франција ја наруши доверливоста на разговорот меѓу Путин и Макрон

„Кога се водат разговори на највисоко ниво, нормално, тоа е доверливо, нормално, тоа се разговори зад затворени врати. Се испостави дека пред неколку месеци, кога Макрон му се јавил на рускиот претседател, целиот разговор бил снимен од новинари.Ова е пример како тие го толкуваат зборот дипломатија“, изјави Марија Захарова.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска коментирајќи го разговорот меѓу претседателите на Франција и Русија Емануел Макрон и Владимир Путин, кој го снимил францускиот режисер Ги Лагаш, а чиј транскрипт го објавија француските медиуме, велат дека тоа покажува како тие го толкуваат зборот „дипломатија“ во Франција.

Во интервју за телевизијата „Русија-1“, Захарова рече дека Париз ја нарушил доверливоста на разговорите меѓу двајцата лидери.

Related posts

Leave a Comment