Регион

Словенија: Уставниот суд го одложи воведувањето задолжителното вакцинирање на државните службеници

Словенечкиот Уставен суд во четвртокот привремено ја суспендираше владината одлука за вакцинирање на државните службеници, со образложение дека се кршат нивните работнички права.

Во Словенија, Уставниот суд го отфрли владиниот декрет со кој се воведува задолжителна вакцинација за вработените во државната администрација. Ова значи дека за десетици илјади државни службеници, ништо нема да се промени од утре.

Седум уставни судии гласаа за отфрлање на владиниот декрет, а двајца беа против. Посебни мислења беа објавени од дури тројца судии. Министерот за јавна администрација, Боштјан Коритник, изрази жалење за одлуката на Уставниот суд, но нагласи дека ќе ја почитува, пренесува Сио1.

Полицискиот синдикат на Словенија ја поздрави одлуката на Уставниот суд и очекуваат дека работодавачот „апсолутно ќе ја почитува оваа одлука“. Синдикатот е задоволен од одлуката на судот бидејќи, како што посочуваат, ја спречи владата да се меша во човековите права и слободи, како во правата на полицајците, така и на другите вработени во државната администрација и други граѓани.

Уставниот суд во одлуката заклучи дека одлуката може да доведе до раскинување на договорот за вработување. „Ова би значело не само влошување на положбата на вработените, туку би ги загрозило нивните права за вработување“, се вели во образложението.

Related posts

Leave a Comment