Свет

Снимки од чудна светлина над руските градови, тестирано ласерското оружје Пересвет?

Доцна во вторникот вечерта, жителите на Москва, Омск и Белгород известија дека забележале необичен зрак светлина на небото над тие градови, кој патувал од земјата директно на небото.

Наводно идентичен сјај е забележан и во Мурманск, кој е седиште на Северната флота и околу кој се наоѓаат најголемите подморнички бази со нуклеарни подморници, особено стратешки подморници способни за лансирање балистички ракети, кои беа во фокусот на американските сателити за извидување и авиони за изминатата недела.

 

Некои би рекле дека е НЛО, можеби силни халогени рефлектори или нешто слично. Следеа шпекулации, фотографии, но и видеа кои брзо ги преплавија прво руските, а потоа и другите социјални мрежи.

 

 

Шпекулациите се уште траат, а руските воени и цивилни власти засега молчат за тоа. Што се случи на небото над овие градови. Се појави веднаш над Белгород, кој е на помалку од 75 километри од Харков, кој е цел на руски ракетни напади.

Иако сè уште не се знае за што се работи, постои претпоставка, особено кај руските воени аналитичари, дека оваа светлина е создадена како процес на активна интеракција со сателити за извидување.

 

 

Рускиот новинар Дмитриј Смирнов даде свое мислење за ова на неговиот Телеграм канал:

„Крајно време е: Чудни зраци на небото над Белгород. Во Украина веќе се расправа дека се е изгубено – Путин го лансираше ласерското оружје „Пересвет“ (наречено по средновековниот воин-монах кој беше благословен од свети Сергиј Радонежски да оди во битката на Куликово поле).

Некои експерти сугерираат дека овој систем создава ефект на „ѕид на светлина“ во тропосферата, попречувајќи ги оптичките системи.

Сега се прашувам: зошто се случија тие настани?

Во секој случај, сето горенаведено е само шпекулација. Не можеме да кажеме ништо конкретно. Очекуваме објаснување од официјалните лица“, напиша тој.

 

 

Што е Пересвет?

Пересвет, според малку достапни информации, е ласерско оружје кое Русија го развива за антисателитска борба и кое може да ги заслепи извидувачките сателити со зрак на силна светлина доколку орбитираат на надморска височина од 1.500 km. Речиси нема прецизни информации за ова оружје. Западот е сомнителен дека постои, Русите тврдат дека го имаат, а вистината е дека во процесот на противракетна одбрана и двете земји од крајот на 1970-тите интензивно работат на ласерско оружје за пресретнување балистички ракети и антисателитска борба. Сепак, тогашните успеси не беа многу големи. Само со Џорџ Буш помладиот САД го рестартираа развојот на ласерско оружје, а наскоро и Израел и Русија ги следеа. Со тоа што Израел имаше најголем успех.

Related posts

Leave a Comment