Соопштенија

Сончева Револуција Соопштение

Почитувани, бидејќи многумина од вас ни поставија прашања во врска со ставот на Сончева за престојните избори, чуствуваме потреба на сите оние кои се прашуваат кој е тој, јавно да го соопштиме.
Ова наше соопштение важи и за сите понуди кои ги имавме за било какво учество во изборите. Иако ова не беше став донесен прекуноќ, сепак остануваме доследни на она што значи Сончева револуција како и нејзината идеја и цел.
#СончеваРеволуција е надпартиска и всемакедонска организација и не е заинтетесирана за понуда или претставување на свој членови за овие избори како и за обединување. Оние кои ќе побараат од нас поддршка, ако сметаме дека се со идеологијата кои ние ја негуваме и градиме, ќе ги поодржиме, но не се обединуваме за никакви политички и изборни активности. На овој чекор се одлучивме зошто цениме дека нашта заложба и задача е поголема од овие избори и дневнополитички случувања.

А до тогаш ве повикуваме сите да присуствувате на дефилето и настанот на #СончеваРеволуција на 11ти јануари. Кажете и направете нешто добро за Македонија. Ви благодариме на вниманието.

Сончева револуција е движење чија цел е да предизвика морална револуција кај македонскиот народ, револуција во умот, срцето и душата и да се подигне македонското национално чувство и достоинство.
Преку разни настани ја промовираме идејата „Знаме пред сечиј дом“ бидејќи во моментов шеснаесетзрачното знаме е единственото обележје кое ги симолизира Македонците кои се против сите неправди со кои се соочуваме денес.
За да ја оствариме нашата цел потребна ни е ваша помош. Како движење кое е надпартиско, без никакви приходи, секој настан кој се организира се покрива со средства од самите организатори и приврзаници на Сончева револуција.
За престојниот настан
https://www.facebook.com/events/487795372082714/ )
кој ќе се одржи на 11.01.2020 година, ден кога се смени историјата на Македонија, датум кој го бележи предавството и најголемиот срам и тргнување по пат на кој мнозинството не се согласува, потребни ни се финансии и донации во знамиња.
Секој кој има желба и волја да се вклучи во нашта борба на освестување и охрабрување на Македонецот, може да донира средства за да успееме да ја реализираме идејата или да донира знамиња со шеснаесетзрачното сонце.
Оние кои сакаат да донираат знамиња може да не контактираат на нашата фан страна за контакт:
https://www.facebook.com/soncevarevolucija/
или мејл адреса:
[email protected]

Related posts

Leave a Comment