Соопштенија

Соопштение на Координативното тело на Европа и светот по повод гласањето во собранието за прием во НАТО

Фотографија на Координативно тело на Македонците во Европа.

 

Соопштение на Координативното тело на Европа и светот по повод гласањето во собранието за прием во НАТО

Како и што се очекуваше , скоро сите пратеници односно “платеници “ вчера гласаа позитивно за приемот во оваа воена окупаторска организација .

Сите до еден, водени од апетитите на нивните “господари” ја погазија волјата на народот искажан на референдумот од септември 2019 година , за неменување на името , со цел влегување во овој злосторнички сојуз .

Најголемото народно легитимно оружје е непочитувано , погазено и заменето со она вистинското , со сила и уцена до доаѓањето на целта.

Балкански манири иницирани од ЕУ и НАТО моќници во “демократска “ северна творба како пример за владеење и почит на правото.

Македонците во Европа и светот се згрозени од ваквиот чин на непочитување на волјата на народот и ги осудуваат сите пратеници кои свесно учествуваат во процесот на “севернизација” преку проектот НАТО.

Македонците во светот се секогаш на бедемот на независна и суверена држава Македонија и нивниот апел и порака се едноставни: почитувате ја волјата на македонскиот народ, ни повеќе , ни помалку.
Не НАТО и ЕУ со променето име.

Историското место на Македонија било и ќе остане како Мост на Мирот помеѓу Исток и Запад “ а не во воени сојузи .

12 Февруари , 2020 година

Координативно тело на Македонците во Европа и светот- Женева, Торонто, Њујорк, Мелбурн.

Related posts

Leave a Comment