Политика

СООПШТЕНИЕ РОДИНА МАКЕДОНИЈА : ГОДИШНИНА ОД ВЕЛЕПРЕДАВСТВОТО „СЕВЕРНА“, ЗЛОСТОРСТВО КОЕ НЕ ЗАСТАРУВА!

ГОДИШНИНА ОД ВЕЛЕПРЕДАВСТВОТО „СЕВЕРНА“, ЗЛОСТОРСТВО КОЕ НЕ ЗАСТАРУВА!

Помина една година од срамниот чин во Собранието извршен од двете одродени партии кои во измнативе 29 години се натпреваруваат меѓусебно кој ќе направи поголемо предавство врз сопствениот народ. Родина Македонија овој чин го смета за криминален акт кој ќе биде санкциониран од идната македонска родољубива власт на начин на кој се третираат криминалци,а тоа е преку судските инстанци и никако друго.Чинот на велепредавство извршен во највисокиот законодавен дом кој е окупиран од пратеници марионети на корумпираните елити (домашни и надворешни) е нелигитимен акт бидејќи со него се погази волјата на македонскиот народ изразена преку референдумот од 30ти Септември 2018 година на кој граѓаните гласно кажаа: Не за промена на името,Не за Нато,Не за ЕУ .Родина Македонија јавно ветува дека ќе се залага за моментално поништување на овие акти без лажење на граѓаните дека за тоа е потребно двотретинско мнозиство во парламентот како што тоа го прави партијата на Мицковски ДПНЕ која е најзаслужна за донесување на тие антиуставни и антидржавни акти, бидејќи со своите 8 пратеници го овозможи ова злосторство. Родина Македонија ги повикува граѓаните денес пред собранието на РМ уште еднаш да им покажат на двете предавнички партии и нивните мали сателити,дека нема да поминат неказнето и дека многу скоро тие ќе се соочат со правдата.Македонскиот народ низ вековите истрпил многу окупации,ропства и обиди за бришење на идентитетот,но сите тие не успеале да го скршат слободољубивиот дух на Македонецот кој за брзо ќе го победи и злото кое СДССМ и ДПНЕ и го нанесуваат на нашата Родина.
Никогаш северна само Македонија!

Related posts

Leave a Comment