Македонија

Со честитки по повод Денот на светите Кирил и Методиј, За Русите нема дилеми, Македонците се братски народ, а писменоста им дојде од Македонската земја!

РУСКА АМБАСАДА: Политички неодговорна е изјавата на Заев дека руски бизнисмени потпалувале комити – Denesen.mk

По повод празникот на светите просветители Кирил и Методиј, Руската амбасада упати срдечна честитка до граѓаните на Македонија

Во честитките објавени на Твитер и Фејсбук профилите на Руската Амбасада во Република Македонија се вели:

Му го честитаме на братскиот македонски народ Денот на светите Кирил и Методиј, кој се слави како државен празник. “Денеска во Русија е свечен ден – Денот на словенската писменост, а писменоста дојде кај нас токму од македонската земја” – Владимир Путин.

На нашите македонските браќа срдечно им го честитаме нашиот заеднички празник – Денот на Светите рамноапостолски Кирил и Методиј, сесловенските просветители и проповедници на христијанството, творци на словенската писменост, кои му дадоа на словенскиот свет азбука и ги поставија темелите на словенските литератури!

За разлика од многу други западни но за жал и соседни земји, Руската Федерација отворено го нарекува Македонскиот народ Братски и јасно кажува дека ја почитува Македонската историја. Во прилог на тоа оди и денешната честитка во која се вели дека писменоста во Русија дојде од Македонската земја, она што пред неколку години го изрече и претседателот на Русија, Владимир Путин.

 

Related posts

Leave a Comment