Поддршка за Новак Ѓоковиќ стигна дури и од Холивуд! Така, продолжена е и онака долгата листа на Американци кои сакаат да ја гледаат српската тениска ѕвезда на последниот Грен слем во сезоната.
Адам Болдвин, познатиот американски актер, се надева дека на Ѓоковиќ сепак ќе му биде дозволен влез во САД, а со тоа и да игра на УС Опен.
Моментално ситуацијата не изгледа ветувачка, но американската влада е под секојдневен притисок од навивачите, некои колеги на Новак и политичари кои се обидуваат да влијаат на одлуката.
Болдвин на Твитер напиша дека верува оти Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња.
– Секој турнир на кој му се забранува учество на Новак Ѓоковиќ затоа што тој ја стави автономијата на своето тело на прво место покрај своето име заслужува ѕвездичка, како и имињата на победниците на тој турнир. Новак е најдобриот на сите времиња. Срам за овците – рече Адам Болдвин како одговор на објавувањето на магазинот „Рекет“ кое предизвика цела дебата со Јелена Ѓоковиќ.
Every tournament that denied @DjokerNole entry because he chose bodily autonomy is an *asterisk* tournament.
Likewise are their prize winners *asterisk* prize winners.
Novak is a GOAT!
Shame on the sheep.https://t.co/Twv6jb4UVz
— Adam Baldwin (@AdamBaldwin) August 5, 2022
Сопругата на српскиот тенисер не можела да поверува што прочитала на профилот на „Рекет“, а откако добила одговор, на Твитер влегла во „војна“ од која се чини дека победила .