Сегментот под море на првиот крак на гасоводот „Северен поток 2“ е технички завршен, а пуштањето во употреба ќе започне денес, соопшти компанијата Северен поток 2 АГ, оператор на гасоводот.
– Гасоводот беше завршен на 4 јуни. Поврзувањето е извршено денес, подводните делови на гасоводот поставени помеѓу руската и германската страна се поврзани. Почетокот на полнење на гасоводот започнува денес – се наведува во соопштението, пренесува агенцијата Тасс. Компанијата додаде дека работите во врска со поставување цевки на другиот крак на Северен поток 2 се во тек.
Проектот е во полна фаза иако од страна на САД беа вршени притисоци врз Берлин да се откаже од него.