Свет

СТИГНА АМЕРИКАНСКО ОБЈАСНУВАЊЕ: За што служат биолошките лаборатории на Пентагон во Украина?

Во Украина има повеќе од 12 биолошки лаборатории, кои се занимаваат со мерки за биолошка безбедност и јавно здравје во земјата, изјави директорката на националната разузнавачка служба на САД, Аврил Хејнс, пренесува ТАСС.

„Мислам дека американската влада дава помош, или барем пружи помош во минатото, навистина во контекст на биобезбедноста, што го правиме на глобално ниво со многу различни земји“, рече Хејнс.Според неа, Украина не се обидува да развие бактериолошко или нуклеарно оружје.

„Ова е, всушност, <…> пропаганда што Русија ја шири“, заклучи таа.

Претходно, на 10 март, Министерството за одбрана на Русија објави материјали за тајните воено-биолошки активности на САД во Украина. Руската војска тврди дека експерименти со примероци на коронавирус биле спроведени во американски биолошки лаборатории во Украина. Исто така, со помош на птиците се планира ширење на особено опасни инфекции, меѓу кои и високопатогениот грип Х5Н1 и болеста Њукасл, забележува Министерството за одбрана на Русија.

Related posts

Leave a Comment