Свет

Судир на два воени хеликоптери – загинаа 13 француски војници

Илустрација: EPA / CHRISTOPHE PETIT TESSON / POOL

Бамако – Тринаесет француски војници загинаа во судир меѓу два воени хеликоптери во Мали, соопшти француската претседателска администрација.

Војниците загинаа додека водеа операција против џихадистите во таа земја.

„Претседателот длабоко жали што 13 француски војници загинаа во понеделникот во судир на два хеликоптери за време на операцијата против екстремистите“, се вели во соопштението.

Французите се во Мали од 2012 година, со чиа помош тие ја повратија северната територија што ја презедоа радикалните исламисти. Во моментов има над 4500 француски војници во Мали, според Раша Тудеј.

На почетокот на месецот, еден француски војник беше убиен откако се активираше  експлозивна направа во близина на неговото возило.

Related posts

Leave a Comment