Свет

Техеран : Спречен заговор за атентат

Техеран – Шефот за безбедност на Револуционерната гарда, Хосеин Таеб, рече дека Техеран спречил заговор планиран од израелските и арапските тајни служби.

Планот, наводно, бил да се изврши атентат над генерал-мајорот Касем Солимани, началник на иранските елитни сили Кудс.

Иранските државни медиуми го цитираа Таеб велејќи дека заговорниците планирале да купат земја покрај гробот на таткото на Солимани и да постават експлозив за да го убијат командантот, пренесе Ројтерс.

Таеб рече дека се уапсени одреден број луѓе кои со години планираат заговор.

Тој не прецизираше кои арапски агенции учествувале во заговорот.

Ројтерс соопшти дека не е можно самостојно да се потврдат настаните опишани од иранските медиуми.

Related posts

Leave a Comment