Реакции

Томче Ширков: ПсихоМодоПоп

Ќе почнам од “попот”…не случајно бугарски агенти, декларирани бугараши и платеници на ДАНС се инфилтрираа во МПЦ , се устоличија за ” Владици” а не се ни епископи…синагога вавилоноподобна…И три години не подготвуваа со ” Ефект на варена жаба” мека бугаризација за “дештерја черква”…

Сето тоа Модо, Модераторот на целава операција, попознат како Хидро или Жмиц немо го набљудуваше, се разбира од удобноста на пратеничката фотеља, не му паѓаше на памет да се помрдне од место.
Кога ние ” небањатите”, ” невакцинираните” ” фундаменталистите”, ” Лажичка фекалии” кркавме солзавец, шок бомби, кривични, притвори и казни од по 2000€. За Македонија.
Модераторов на процесите излегуваше на пресс и се ” изчуџаваше” зошто имало потреба од радикализам, политички ќе го поразеле заев…а на прашањето, што со името, двојазичноста, тиранска платформа, идентитетот /////

…смирено и математички прецизно одговараше : ” Тоа е стекната реалност” , ” Тоа ќе биде борба на некој други генерации, ние не можеме…”
Се додека се одвиваа велепредавствата, тој стоеше на вратата на патриотизмот, ни влегуваше, ни излегуваше, а стоеше, бранеше другите да влезат во процесот за спасување на Македонија и Македонците. Кратко кажано беше ЦЕНЗУСОИД и Дробач на ОТПОРОТ против Психопатот!
Психо, попознат како Црпнатиот или Нездравиот. Тој е главниот и одговорен за сите Велепредавства и ЕТНОЦИДОТ на Македонскиот народ во 21ви век. Најглупиот и најбезобразен човек кој воопшто се родил во Македонија, ликот со повеќе од 120 политички гафови, ликот кој вчера ни кажа дека ќе ни одржи “проповед”, божем е светец или пророк, е таква нуклеарна будала дозволивме да не води во пропаст!

Но браќа и сестри зошто овие луѓе можат да го прават сево ова, зошто дојдовме до ова дереџе?
Затоа што не им се спротиставивме силно!
Затоа сите на улица и БУКВАЛНО да ја блокираме бугаризацијата на Македонскиот народ, историја и култура!
Сериозно и со сериозни демонстрации и блокади, не со фолклоризам и адетски.
Не чекајте никој да ве поведи и води.
ДОЈДЕТЕ САМИ! ЗА МАКЕДОНИЈА!

Македонија на Македонците!

Томче Ширков

Related posts

Leave a Comment