КолумниМакедонија

Том Че Ширков : Ни нова ни стара, ни трета ни четврта, само Македонија, Македонско, Македонци!

 

Сите сме свесни за огромната насушна потреба од вистинска Македонска опција (не само политичка, ами суштинска). Предадени, продадени, раздробени по стоти пат…во очај и тотална резигнација тргнавме да ја правиме истата грешка!
На дневна основа добивам покани, предлози, сугестии како треба да се обединиме во трета опција, која ќе се спротистави на владеењето на Курто-Мурто, вечната транзиција и продажба на се Македонско. И тоа е супер, да така е, треба нова општествена доктрина, (наречете ја нова), треба алтернатива на злото што владее со жална Македонија…Но која е таа “ Нова“ “Трета“ “ Народна“, “Граѓанска“ опција која ќе не спаси???
Не знам дали ја знаете разликата помеѓу смеса и легура?
Не можете да направите легура од злато, олово, гипс и кал…Едноставно не е возможно. И да е возможно?! Таа спасоносна нова опција која идеологија ќе ја носи? Либерална? Комунистичка? Социјалистичка? Фашистичка? Чии идеали ќе ја предводат? Кој ќе биде лидер, лидери, идеиолози???
Јас колку што гледам постојано се нудат едни и исти, пакувани и препакувани флоскули, “идеологии без идеа“ и “решенија без реализација“. Уште не проодени сакаат да трчаат, очи ќе си извадат кој да се качи на бината кој да предводи, кого да изберат…а можете да замислите ако го изберат и кога ќе го изберат?
Сите овие “Нови“ фронтови, блокови, партии ни нудат се, се што не ни треба! Ни нудат влез во ЕУ и НАТО, ама вистински и реално овојпат, Ни нудат сојузништво со САД или Русија, Ни нудат пари, лесен живот и “ПРОГРЕС“!

ШТО ЌЕ МИ Е ПРОГРЕС , АКО ЗАД НЕГО МЕ ЧЕКА СМРТ? А.Ј.П
На нас Македонците, на Македонија и треба обнова, просветителство, будителство и реализација на вековната доктрина МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ. Оваа доктрина се подразбира само во позитивно светло, во светлото на алтруизмот и симпатијата кон ближниот. Значи Македонец е секој човек кој се чуствува Македонец . Македонец по : род, државјанство, самоопределување. Но и сите Македонисти од цел свет, кои ја подржуват и ценат Македонија и Македонската цивилизација. Без разлика на раса, вера, народност, политички или идеолошки премиси.

Ова е нашата идеологија, нашата доктрина и нашиот Modus Vivendi & Operandi. МАКЕДОНИЈА; МАКЕДОНСКО; МАКЕДОНЦИ пред се и над се! Ако ово го признаете и прифатите со сето свое срце и безрезервно со сите свои помисли, тогаш сте добродојдени и лесно ќе се договориме за методологијата и настапот. Но за да ова се реализира потребна е #ОРГАНИЗАЦИЈА. Македонска организираност од типот “ Ќе ве научам риба да ловите, наместо да ви дадам риба да јадете“.
Значи обединување, окрупнување и возобновување е можно само со овие постулати и со Македонскиот народ, без Его, без суета, без лидерство од типот “ Кој си бе ти, знаеш ли кој сум јас“ МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНИЗМОТ не се ниту леви, ниту десни, ниту нови ниту стари, ниту западни, ниту источни…Тие се над времето и просторот, над политиката и партиското работење. А посебно над политиканството, непотизмот, полтронството, корупцијата и криминалот.
Браќа и сестри не очајувајте , никој никогаш не победил народ, народот може сам себе да се укине, уништи ако така реши, Или по зборовите од Светото Писмо : “ ИЗГИНА НАРОДОТ МОЈ ЗОШТО Е БЕЗ ЗНАЕЊЕ“. Ако се вооружиме со знаење, упорност и истрајност никој ништо не ни може. Кажете и направете нешто добро за Македонија. Македонија е Вечна.

16.08.2019 МнМ

Том Че Ширков

Related posts

Leave a Comment