Конзервативните пратеници во британскиот парламент беа предупредени да не се бунат против владината политика за Брегзит, додека опозицијата објави предлог-закон за спречување на тоа земјата да ја напушти Европската унија без договор.
Кабинетот на шефот на Конзервативната пратеничка група, која обезбедува пратениците да гласаат во согласност со ставот на партијата, соопшти дека пратениците што гласаат за блокирање на излезот без договор ќе ја „уништат“ преговарачката позиција на владата за Брегзит, пренесува Би-Би-Си.
Раководството на владејачкото мнозинство додаде дека секој пратеник што нема да гласа во склад со политиката на владата ќе биде избркан од партијата и нема да може да се кандидира како конзервативен кандидат на изборите.
Лабуристичката влада во Сенка,планира следната недела да покрене итно донесување на законо за да се спречи заминувањето од ЕУ без договор.
Секој предлог-закон, па така и овој , мора да помине низ сите фази во двата дома на парламентот. Ова обично трае со недели, но следната недела тоа може да се направи за само три дена.
Сепак, владата може да го оспори предлог-законот во која било фаза.
Пратениците се враќаат во парламентарните клупи во вторник. Пратениците од опозицијата се очекува да достават предлог-закон до парламентот со кој ќе се блокира излезот без договор со помош на правилото „SO24“, што им дозволува на пратениците да побараат дебата за „конкретно и важно прашање за кое е потребно итно разгледување“.
Поранешниот министер за правда, Дејвид Гов, му пишал на јавниот правобранител, барајќи од владата да се заложи за почитување на владеењето на правото затоа што министерот бил задолжен за подготовките во случај на договор со ЕУ, Мајкл Гов вчера одби да гарантира дека владата ќе го почитува законот доколку се гласа во парламентот.
Планот е Велика Британија да ја напушти ЕУ до 31 октомври, освен ако официјално не побара трето одложување и сите други земји-членки на ЕУ се согласат.