Економија

Трамп ги исплаши инвеститорите: Неговата одлука ги сруши акциите на берзата

Шангај – Акциите на берзата во Хонг Конг паднаа по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да потпише закон за поддршка на демонстрантите во Хонг Конг.

Поточно, инвеститорите стравуваат дека потегот на Трамп може да го поткопа транзицискиот трговски договор меѓу Вашингтон и Пекинг.

Индексот „Ханг Сенг“ опадна за 0,2 проценти на 26.893,73 поени, додека индексот што мери кинески компании падна за 0,6 проценти на 10.561,87 поени, пренесува Ројтерс.Кина ги предупреди денес Соединетите држави дека ќе преземат „решителни контрамерки“, откако Трамп го потпиша актот за за човекови права во Хонг Конг кој го усвои конгресот за поддршка на демонстрантите во Хонг Конг. Ваков развој на случувањата носи нова неизвесност во врска со трговските преговори насочени кон деескалација на тарифната војна, пренесува британската агенција.

Related posts

Leave a Comment