Свет

Трамп: Очекуваме добри односи со Русија

Donald Trump India visit: Donald Trump likely to visit India from ...

ВАШИНГТОН – Соединетите американски држави сепак очекуваат да имаат добри односи со Русија, и покрај плановите за пренесување на некои војници од Германија во Полска, рече американскиот претседател Доналд Трамп.

 

„Мислам дека тоа испраќа многу силен сигнал кон Русија, но мислам дека уште посилен сигнал до Русија е фактот дека Германија плаќа на Русија милијарди долари за купување енергија од Русија преку гасоводот“, рече Трамп на заедничката прес-конференција со полскиот претседател Анджеј Дуда во Вашингтон. .

Трамп додаде дека Германија троши милијарди долари за купување од Русија, а од САД се очекува да ја бранат од Русија.

Американскиот претседател оцени дека тоа е „многу лошо“ и дека германскиот народ е многу несреќен заради тоа.

„Со сето тоа речено, очекуваме да се сложуваме со Русија. Очекуваме да се сложуваме со сите“, рече Трамп.

Како што беше претходно најавено, САД и Полска потпишуваат нов договор за воена соработка, во рамките на кој САД би можеле да испратат дополнителни воени сили во таа земја.

Трамп во средата изјави дека со нетрпение очекува да го потпише тој договор со полскиот претседател Анджеј Дуда, кој е првиот странски државник што ја посети Белата куќа од избувнувањето на пандемијата на вирусот корона.

Related posts

Leave a Comment