Свет

Трамп: „Составете ги петте наши најлоши претседатели и нема да бидат полоши од Бајден. Тој нема поим што се случува или каде се наоѓа“.

94758

Говорејќи на собирот на неговите приврзаници наречен „Спасете ја Америка“ во Џорџија, Трамп изрази огорченост од администрацијата на Бајден поради украинската криза, високата инфлација и наглиот пораст на цените на горивото.

„Можете да ги земете и споите петте најлоши претседатели во американската историја, тие не направија толку штета како што направи Бајден за само 15 месеци. Тој успеа буквално да го убие американскиот сон за нешто повеќе од една година“, рече Трамп.

Трамп ги повика Американците да не губат надеж, бидејќи Америка со вистинското лидерство ќе се врати поголема, посилна и помоќна од кога било.

Поранешниот, 45-ти американски претседател го обвини Бајден дека ја засрамил нацијата, со понижувачко предавање во Авганистан и високата инфлација, највисока во последните 40 години.

Трамп, исто така, „впери прст“ кон Бајден поради зголемувањето на цените на бензинот, кои според него се највисоки во историјата, како и одложувањата во миграцијата и руската инвазија на Украина.

Според него, границите на САД се „целосно урнати, а крвожедните криминалци ги ограбуваат градовите управувани од демократите“.

Тој нагласи дека повеќе смртни случаи поврзани со Ковид се регистрирани во 2021 година отколку во 2020 година, и дека Бајден, „токму кога се мислеше дека работите не можат да бидат полоши“, не успеа да ја одврати Русија од војната во Украина.

Трамп тврди дека украинската криза никогаш немаше да се случи доколку тој сега беше претседател на Соединетите држави и дека Америка во моментов има лидер кој „нема поим што се случува или каде се наоѓа“ и дека се обидува да кажува лажни вести дека на Бајден му оди „одлично“.

Related posts

Leave a Comment