Свет

Трамп : Ќе ја урнеме тиранијата на Мадуро

Американскиот претседател Доналд Трамп по обраќањето пред Конгресот во Вашингтон

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ја „урне тиранијата“ во Венецуела, осврнувајќи се на владата на претседателот Николас Мадуро.

„Соединетите држави предводат дипломатска коалиција од 59 земји против социјалистичкиот диктатор на Венецуела, Николас Мадуро. Мадуро е нелегален владетел и тиранин кој го злоупотребува својот народ. Тиранијата на Мадуро ќе биде разбиена и уништена “, рече Трамп во своето годишно обраќање пред Конгрес за состојбата во земјата.

Американскиот претседател додаде и дека Соединетите држави „ги поддржуваат надежите на граѓаните на Куба, Никарагва и Венецуела за враќање на демократијата“.

Потоа, Трамп му се обрати на лидерот на опозицијата во Венецуела Хуан Гуаидо , кој беше присутен во салата и потврди дека Соединетите држави го сметаат за „вистински и законски претседател“. Сенаторите и конгресмените го поздравија Гуаидо со аплауз.

Посетата на Гуаидо на Вашингтон не беше најавена.

Ситуацијата во Венецуела

Во почетокот на 2019 година започнаа масовни протести во Венецуела против легитимниот претседател на земјата Николас Мадуро . Оттогаш,  Хуан Гуаидо, претседател на Националното собрание под контрола на опозицијата, двапати се прогласи за „привремен претседател“. Тој ја положи својата втора „заклетва“ овој јануари.

Гуаидо е поддржан од САД, Канада, Аргентина, Бразил, Чиле, Колумбија, Костарика, Гватемала, Хондурас, Панама, Парагвај, Перу, Грузија, Албанија и многу други земји.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека Вашингтон повеќе нема да ја признава владата предводена од Мадуро , која пак најави прекин на дипломатските врски со Вашингтон.

Сегашниот лидер на Венецуела е поддржан од Русија, Мексико, Кина, Турција и Индонезија. Во Москва,  го нарекоа „претседателскиот статус“ на Гуаидо за непостоечки.

Related posts

Leave a Comment