Регион

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган Ердоган се заканува со уште поинтензивни напади во Идлиб

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Нападите на Анкара ќе бидат уште посилни од порано доколку Дамаск не прекине со нарушување на прекин на огнот во Сириски Идлиб, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Откако беше објавен прекинот на огнот, населението на Идлиб за прв пат дишеше слободно. Но, прекинот на огнот веќе е нарушен и очекуваме Русија да ги спречи ваквите обиди на сирискиот режим. Ако тоа не се случи, ние нема да се повлечеме и ќе нападнеме уште посилно од порано. Не само што ќе возвратиме на нападите, туку и самите ќе нападнеме “, истакна Ердоган.

Според него, Турција има за цел да го направи постојан привремениот прекин на огнот во Идлиб.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган на 3 март во Москва направија договор за Идлиб кој содржи три точки : прекин на огнот со  почеток на полноќ ноќта на 5-6 март, воспоставување на безбедносен коридор од  шест километри север и југ од стратешки важниот пат М4 во Идлиб и здружени патроли на  двете држави од 15 март по патот М-4 Б, кој ги поврзува Латакија и Алепо.

Related posts

Leave a Comment