Регион

Турција: Налог за апсење на 168 лица поврзани со Ѓулен

ЕПА / ЕРДЕМ САХИН

Истанбул – Турските власти наредија апсење на 168 лица осомничени дека се поврзани со Фетулах Ѓулен, осомничен за организирање на пуч во 2016 година.

Според обвинителството во Истанбул, уапсени се двајца цивили и 52 воени лица, меѓу кои и двајца пензионирани полковници, еден активен полковник и двајца поранешни мајори кои претходно биле протерани од војската.

Повеќе од половина од осомничените, наводно, биле уапсени порано утрово, а полицијата соопшти дека уапсила осомничени лица за користење на апликацијата за криптирани поракаишто ја користи мрежата на Ѓулен.Во последните три години, 77.000 луѓе се уапсени, а околу 150.000 јавни службеници, воени лица и други беа отпуштени или суспендирани од своите работни места.

Related posts

Leave a Comment