Европа

Турција ќе го плаќа рускиот гас во рубљи

Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска по враќањето од Сочи изјави дека Турција ќе го плаќа рускиот гас во рубљи.

„Позитивен аспект од нашата посета на Сочи е договорот со господинот (рускиот претседател Владимир) Путин за плаќање во рубљи“, изјави Ердоган на новинарите по враќањето од Сочи каде што се сретна со Путин.

Двајцата претседатели се договориле испораките на руски гас за Турција „делумно да се плаќаат во рубљи“, објави синоќа рускиот вицепремиер Александар Новак.

Ердоган не го прецизираше обемот на идните трансакции во рубљи.

Со месеци Русија се обидува да наметне сопствена валута за плаќање гас поради санкциите што ги воведоа западните земји поради нејзината инвазија на Украина.

Иако брзо ја осуди руската офанзива, Турција се одлучи за неутралност и не се приклучи на западните санкции против Москва.

Во 2021 година, Русија обезбеди околу една четвртина од увезената нафта на Турција и 45 отсто од природниот гас.

Ердоган и Путин во Сочи се договорија и за зајакнување на енергетската и економската соработка.

Related posts

Leave a Comment