Регион

Уапсен поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, при специјална полициска акција!

УАПСЕН БОЈКО БОРИСОВ: Уапсен поранешен премиер на Бугарија при специјална полициска акција!

Поранешниот премиер на Бугарија Бојко Борисов е приведен во специјална акција на бугарската полиција поради злоупотреба на средства од ЕУ.

Приведени се и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов, поранешниот шеф на комисијата за буџет Менда Стојанова и поранешниот шеф на владината служба за информирање Севдалин Арнаудов.

Според бугарското МВР, во моментов во рамките на истата акција се вршат претреси на повеќе локации.

Борисов, лидерот на ГЕРБ и други функционери, беа приведени во врска со „120 сигнали за злосторства во Бугарија“ објавени од главната европска обвинителка Лаура Ковеши.

Related posts

Leave a Comment