Професор на Универзитетот во Питсбург кој бил на работ на „многу значајни откритија“ истражувајќи го вирусот Ковид 19, беше убиен во наводно убиство и самоубиство изминатиот викенд.
Професор истражувач, идентификуван како Бинг Лиу, беше пронајден пред неговиот дом во саботата со прострелни рани во главата, вратот, трупот и екстремитетите, соопшти полицијата, ренесе Си- Ен-Ен .
Coronavirus researcher nearing 'very significant findings,' dead in apparent murder-suicide https://t.co/8DbvX2X0lb "Bing Liu, 37, was fatally shot in his head, neck and torso." 🤔 pic.twitter.com/qPfF2eLQAm
— Douglas Ernst (@douglasernst) May 5, 2020
Полицијата верува дека другиот маж, кој бил пронајден мртов во автомобилот, пукал и го убил Лиу во неговиот дом пред да се врати во својот автомобил и да изврши самоубиство.
Полицијата верува дека мажите се познавале меѓусебно, но дека има „нула индикации дека професорот е убиен затоа што бил кинез“, рече детективот Брајан Кохлип.
Универзитетот објави соопштение о овод смртта на професорот и изрази длабоко жалење за неговата смрт.
„Бинг беше на работ на многу значајни наоди за разбирање на клеточните механизми кои се наоѓаат во основата на инфекцијата САРС-КоВ-2 и клеточните основи на следните компликации“, изјавија неговите колеги.