Ударна Вест

УДАРНА ВЕСТ: Турција ги блокираше кандидатурите на Финска и Шведска за членство во НАТО

Турција го блокираше почетокот на преговорите во НАТО за влез на Финска и Шведска во алијансата. Ова го пренесува ДПА, повикувајќи се на извори во организацијата.

Според агенцијата, денеска Северноатлантската алијанса планирала да разговара за апликациите поднесени од амбасадорите на Финска и Шведска за влез на нивните земји во НАТО. Тоа би значело почеток на процесот за прием во организацијата, но поради позицијата на Турција преговорите не започнаа. Анкара јасно стави до знаење дека сега не може да го одобри нивниот почеток. 

Да потсетиме, на 15 мај, владејачката Социјалдемократска партија на Шведска објави дека одлучила да поднесе барање за членство во НАТО. Политичарите уверија дека доколку биде одобрено, Стокхолм ќе се спротивстави на распоредувањето на воени бази и нуклеарно оружје на нејзина територија. Финска, исто така, во неделата официјално одлучи да се приклучи на НАТО.

Сергеј Рјабков, заменик-шеф на руското Министерство за надворешни работи, истакна дека безбедноста на Финска и Шведска нема да се зајакне по влезот во НАТО. Дополнително, одлуката за влез во алијансата е уште една грешка со далекусежни последици.

Претходно, амбасадорите на Шведска и на Финска му ги предадоа на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, барањата за влез во алијансата. 

Related posts

Leave a Comment