Свет

УКРАИНА, БРУТАЛНА ТЕПАЧКА ВО СТУДИО: Новинар и политичар се степаа среде емисија (ВИДЕО)

Новинарот Јури Бутусов и членот на Платформата за живот Нестор Шуфрич се степале за време на гостувањето во емисијата на Савик Шустер, „Слобода на говор“ во Украина.

Тепачката изби кога Шуфрич истакна дека „Платформата за живот“ е втора најсилна во парламентот и дека „народот на Украина ја поддржува неговата странка“, на што Бутусов одговори со обвинувања дека членовите на „Платформата“ се предавници. обвинети за предавство и ширење руска пропаганда и наративи во Украина.

Шустер се обиде да ја смири ситуацијата велејќи дека „судот треба да одлучи дали некој е предавник“, но не успеа.

http://

Само неколку моменти подоцна Бутусов долетал кон Шуфрич и го удрил во лицето, по што дошло до тепачка.

Кога ситуацијата малку се смирила, Шуфрич го напуштил студиото на неколку минути, а потоа се вратил и му рекол на ривалот дека е „обичен провокатор“, како и дека „се чеша како девојче“.

Related posts

Leave a Comment