Свет

Украина: Зеленски се согласи на итни преговори

Извор во Украинска правда близок до украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Киев ги прифатил преговорите со Русија.

Изворот наведува дека средбата на двете делегации ќе се одржи на границата меѓу Украина и Белорусија, без, како што нагласи, никакви предуслови.

 

Претходно шефоѕ на руската делегацијаи и помошник на претседателот Владимир Медински, рече дека Украина се согласила на преговори со Русија во регионот Гомел во Белорусија и дека руската делегација оди таму.

Украинската делегација оди во Гомел во Белорусија на преговори со руската страна, изјави претходно помошникот на претседателот Путин и шефот на руската делегација Владимир Медински, пренесува „Интерфакс“ Белпресентер.

Веста доаѓа по извештајот дека белорускиот лидер Александар Лукашенко разговарал со својот украински колега во последниот час и го убедил да се согласи на преговори.

Според „РИА Новости“, руската делегација од Минск заминала за Гомел.

Related posts

Leave a Comment